ЧПП

Тимот на Резервирај.мк е во постојана потрага по нови локали кои што ќе бидат на платформата со цел да ги задоволиме нашите корисници. Воедно, на локалите им нудиме целосен софтвер за менаџирање на настаните и резервациите и им ја олеснуваме нивната работа.

Со цел да можете брзо, едноставно и лесно да направите резервација, на Резервирај.мк не е потребна никаква регистрација или најава. Едноставно, го наоѓате настанот на кој сакате да одите и правите резервација.

Доколку не сте во можност да присуствувате на настан за којшто веќе сте направиле резервација и сте резервирале маса, потребно е да го контактирате локалот кој го организира настанот за да ја избриши вашата резервација со цел да се ослободи местото на некој што сака да присуствува на настанот.

Правењето на резервација на Резервирај.мк во моментот е бесплатно. Сите промоции кои ги нуди локалот и кои ќе ги изберете при вашата резервација ги плаќате во локалот.

Потврдата за успешна резервација ви стасува на вашата e-mail адреса. Печатењето на потврдата не е задолжително. Вие можете да ја покажете потврдата од вашиот телефон или пак да го кажете само бројот на вашата потврда без воопшто да го прикажувате самата потврда.

Резервирај.мк Ви гарантира дека резервацијата која што сте ја направиле е 100% загарантирана. Доколку сте направиле резервација на настан кој е со мапа, Вие ќе ја добиете масата која што сте ја избрале при резервирањето.