Услови на употреба

Со внесување на вашата e-mail адреса Вие се согласувате да добивате известувања за наредните настани кои се креираат на Резервирај.мк. Вашата претплата можете да ја избришете во секое време.

Со користењето на Резервирај.мк Вие се согласувате со сите подолу наведени услови. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Резервирај.мк го задржува правото да ги измени Условите на употреба во било кое време без претходно известување на корисниците. Доколку имате забелешки или прашања слободно обратете ни се.

За веб сајтот

Резервирај.мк овозможува онлајн услуга преку веб-странта rezerviraj.mk. На Резервирај.мк одредени локали креираат настани и промоции за тие настани. Локалот е одговорен за квалитетот на услугите кои ги добивате. Сите информации за одредени настани може да бидат изменети од страна на сопствениците на локалите без претходно известување.

Со користењето Резервирај.мк корисникот се согласува со сите правила и услови наведени во продолжение на овој текст. Копирање, репродуцирање, препродавање и пренесување на содржините и услугите од Резервирај.мк е забрането без претходно одобрување од Резервирја.мк.

Резервирај.мк го задржува правото да одбие давање на услуги и пристап на веб странта на било кое лице во било кое време поради било која причина. Резервирај.мк ќе се потруди да Ви биде достапен 24/7, но поради технички причини веб страната може да биде недостапна во одреден период без претходна најава од страна на Резервирај.мк.

Услови за употреба на сајтот

Пред да го користите сајтот, Вие се согласувате дека:

  • Имате најмалку 18 години
  • Користењето на Резервирај.мк ќе биде во согласност со Условите на употреба
  • Податоците кои ги оставате на Резервирај.мк се 100% точни
  • Резервациите кои ќе ги направите на Резевирај.мк ќе бидат легитимни
  • Сами ќе ја снабдите опремата која Ви е потребна за користење на Резервирај.мк и трошоците настанати од користењето на Резервирај.мк се само ваши.

Кодекс на однесување

Сите интеракции на корисникот на Резервирај.мк мора да бидат во согласност со Условите на употреба. Доколку Вашете однесување на Резервирај.мк не е во согласност со тоа, може да го ограничиме Вашиот пристап до Резервирај.мк.

Активности кои ги нарушуваат Условите на употреба:

  • објавување на содржини кои се навредливи, непристојни, омаловажувачки или содржини кои нарушуваат одредени закони
  • пристапување до податоци кои не се наменети за вас, логирање на сервер или профил кој не е наменет за вас
  • собирање на податоци од сајтот со цел нивно реискористување за комерцијални или некомерцијални цели
  • скенирање или тестирање на безбедноста и конфигурацијата на сајтот и нарушување на истата
  • попречување на правилното функционирање на Резервирај.мк
  • превземање на податоци и содржини од Резервирај.мк без претходна писмена согласност
  • поврзување до Резервирај.мк без претходна добиена согласност

Приватност

Резервирај.мк нема во ниту еден момент да ги сподели вашите лични податоци со трето лице, освен со локалите во кои ќе направите резервација за одреден настан или кога тоа ќе биде побарано со закон или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес.

Резервирај.мк Ви гарантира за безбедноста на вашите лични податоци.

Вашата e-mail адреса ќе биде употребувана за да добивате известувања за идните настани кои што се поставуваат на Резервирај.мк

Вашите податоци ги добиваме единствено преку правење на одредена резервација за настан. Резервирај.мк не одговара доколку вашите лични податоци ги оставите на трето лице.

Услови за резервација

Со користењето на Резервирај.мк и правењето на резервација Вие се согласувате со сите Услови на употреба. Правењето на лажни резервации е строго забрането и ќе биде контролирано од страна на тимот на Резервирај.мк.

Авторски права

Содржините на оваа веб страна, како и веб страната се авторско право на Rezerviraj.mk.

Копирање на било која содржина од Резервирај.мк за комерцијални или некомерцијални цели без претходна писмена согласност е строго забранета.

Вградувањето на оваа веб страна или нејзини делови на други веб страни како и копирање на било кој дел од страната не е дозволено без претходна писмена согласност од Rezerviraj.mk