Како наши клиенти добивате софтвер со којшто целосно ќе може да ги менаџирате вашите настани. Ќе може да гледате во реално време колку гости Ви направиле резервација за одреден настан преку Резервирај.мк, колку промоции сте продале, детални статистики за тоа колку гости го посетиле вашиот локал во одреден период преку Резервирај.мк, менаџирање на гостите кои и покрај Резервирај.мк ќе Ви ѕвонат на телефон и уште многу други работи.
Исто така добивате дополнителна реклама со тоа што како наши клиенти ве промовираме и пред публиката која ја имаме по останатите социјални медиуми. Добивате мерлива реклама со тоа што знаете колку гости го посетиле вашиот локал преку Резервирај.мк.
Со цел посреќни и позадоволни клиенти, како и подобрување на Резервирај.мк, ние Ви стоиме постојано на услуга за сите прашања и проблеми кои ги имате во врска со користењето на Резервирај.мк како и доколку Ви треба помош за дополнителни промоции и рекламирања на Вашиот локал.