Прочитај пријател, запознај книга!

Public Room | 50-та Дивизија 24, Скопје 1000, Македонија

* Бројот на средината на масата го означува капацитетот на таа маса.

Почеток:

2017-10-08 17:00:00

Крај:

2017-10-08 20:00:00

Влез:

Слободен

Детали за настанот

                   Работно.мк  е нов македонски портал наменет за едукација во областа на маркетинг,претприемништво и секако следење на најновите трендови во дигиталниот свет, модата и убавината .Функционира во доменот на социјалното претприемништо. 

Со огромна чест и задоволство, во соработка со професори од Економски, Правен, Филолошки и Филозофски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, македонскиот старт ап Резервирај.мк,  Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“  Ве повикуваме да се вклучите во нивната хуманитарна акција.

Имаат голем број на книги кои сакаат да ги споделат со Вас. По тој повод, организираат настан во Центар за дизајн и иновации  „Јавна соба“ на 8 Октомври 2017 во 17 часот. Се што треба да направите е да дојдете на настанот (може да резервирате маса тука), да ја одберете книгата која Ви се допаѓа и да донесете насмевка, книга, училишен прибор или спортска облека. Работите кои ќе ги донесете ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје. 

За добра забава ќе се погрижат добро познатите скопски бендови: Chill Play на кои исто така сакаме да им се заблагодариме за нивната несебична донација, Bona Dea и Blackout.

Најважното да не го запоравиме, љубовта кон книгата ќе ни донесе нови пријателства.

Се гледаме на настанот :)
                

Сподели на: